
Нови двајца пациенти починати во велешката Модуларна болница. Еден пациент од Велес на 86 годишна возраст е починат откако е лекуван во Модуларната болница пет дена. Исто така пациентка од Велес на 72 годишна возраст е почината откако била лекувана во Модулрната болница 14 дена.
Во моментов во болницата во Велес вкупно се хоспитализирани 62 пациенти, од кои 44 пациент се потврдени позитивни, седум се сомнителни на вирусот и 11 пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 28 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се хоспитализирани 32 пациенти, во Модуларната болница 22 и на интерното одделение се лекуваат осум пациенти со ковид-19.
Можеби ќе ве интересира: