
Во пресрет на најголемиот македонскиот национален празник Илинден – 2 Август, вчера Општина Велес со положување цвеќе на три споменици и Спомен-костурницата им оддаде почит на сите жртви за слободна Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Со тоа Општина Велес одбележа 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. По тој повод, делегации на Општина Велес, политички партии, јавни институции им оддадоа почит на загинатите броци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна.
Содржината продолжува под рекламата
Цвеќе положија на споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот, на споменикот на учителот Панко Брашнаров и на спомен- бистата во Спомен-костурницата од НОВ, каде се одржа и пригодна програма.
Од Општина Велес потенцираат дека 2 Август – Денот на Републиката е најголем национален празник во државата, кој со себе ги носи спомените од два значајни историски датума за македонскиот народ – двата Илиндена, Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, на кое се поставени основите на денешна Македонија.
Можеби ќе ве интересира:
- Нова година, повисоки сметки: Струјата поскапува – нов удар по џебот на граѓаните
- Престануваат да важат мерките и препораките за заштита од аерозагадување во Скопје и Струмица
- МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании, трансферирани две транши од Буџетот кон Развојната банка
- Џоан Пењароја е новиот тренер на Партизан
- СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ дека власта сака целосна контрола
















