
Во пресрет на најголемиот македонскиот национален празник Илинден – 2 Август, вчера Општина Велес со положување цвеќе на три споменици и Спомен-костурницата им оддаде почит на сите жртви за слободна Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Со тоа Општина Велес одбележа 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. По тој повод, делегации на Општина Велес, политички партии, јавни институции им оддадоа почит на загинатите броци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна.
Содржината продолжува под рекламата
Цвеќе положија на споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот, на споменикот на учителот Панко Брашнаров и на спомен- бистата во Спомен-костурницата од НОВ, каде се одржа и пригодна програма.
Од Општина Велес потенцираат дека 2 Август – Денот на Републиката е најголем национален празник во државата, кој со себе ги носи спомените од два значајни историски датума за македонскиот народ – двата Илиндена, Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, на кое се поставени основите на денешна Македонија.
Можеби ќе ве интересира:
- ФЗО ќе покрива шест „ин витра“ за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство
- Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош
- Уште еден велешки ракометар ќе настапува надвор од родниот град, Даниел Ацев нов голман на Радовиш
- Четири активни пожари низ земјава
- (ВИДЕО) Фероинвест: Рекордна жетва во Овче Поле – Двојно повеќе силажа за биогасната електрана во Сарамзалино