
Министерството за внатрешни работи информораше дека во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници.
Содржината продолжува под рекламата
„При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија.“, извести полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира:
- Уапсен затвореник од Битола во Градско, кај него пронајдени дрога и таблети
- Гемиџии продолжуваат со новите предизвици, пионерите во дерби со Алкалоид, кадетите против Македонија Ѓорче Петров
- Уапсен велешанец осомничен за кражба од куќа во Велес
- Двајца 27-годишни велешани тешко повредени во сообраќајна несреќа на улицата „Вардарска“
- Аларм од Народниот правобранител: Во Идризово еден лекар се грижи за 691 лице, ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба




















