Велешанец со 1,51 промили за воланот, полицијата го приведе

Велешанец на 62 години е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува возило под дејство на алкохол. На 27 септември во 20:10 часот, на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес запреле „Опел“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (62) од Велес.

Zito baner

При извршената проверка било утврдено дека возачот имал 1,51 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, Д.Т. бил задржан во полициска станица, а возилото било одземено.

Agria

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: