
Македонските граѓани денеска прославуваат 121 година од Илинденското востание и прогласувањето на Крушевската Република, како и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.
Содржината продолжува под рекламата
По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседатeлката Гордана Сиљановска Давкова, во Пелинце, ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.
Содржината продолжува под рекламата
Потоа, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Во манастирот треба да биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
На чествувањето на Илинден во Крушево ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе положи цвеќе на горобот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен, а ќе има и обраќање пред присутните граѓани.
Можеби ќе ве интересира:
- Двајца 27-годишни велешани тешко повредени во сообраќајна несреќа на улицата „Вардарска“
- Аларм од Народниот правобранител: Во Идризово еден лекар се грижи за 691 лице, ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
- Срцевиот и мозочниот удар не секогаш доаѓаат со силна болка: Симптоми што не смеете да ги игнорирате
- Променливо облачно со силен ветер во Повардарие, за викендот најавен дожд
- Нов закон за јавниот сектор: Дел од ангажираните со договор на дело ќе добијат работа за постојано




















