
Велес денес се најде при врвот на листата со новозаразени пациенти. Од вкупно 344 нови случаи на ковид-19, во Велес се регистрирани 33. Регистрирани се 19 оздравени пациенти. Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати, а во нив се и 61 оздравен пациент од Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа направени се 4.926 тестирања, а регистрирани се 344 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 143• Велес – 33• Куманово – 27• Штип – 19• Струмица – 15• Битола – 13• Прилеп и Кочани – по 12• Охрид – 9• Кавадарци – 7• Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 6• Македонска Каменица – 5• Радовиш, Виница и Крушево – по 4• Гостивар, Струга и Гевгелија – по 3• Кичево, Пробиштип и Богданци – по 2• Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 339 оздравени пациенти, дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да не информираат болниците, странци и лица без матични лекари). Скопје – 1.583, Тетово – 652, Гостивар – 348, Куманово – 304, Кичево – 214, Прилеп – 84, Охрид – 76, Велес – 61, Битола – 48, Струга – 41, Дебар – 39, Струмица – 31, Ресен – 20, Македонски Брод, Делчево и Гевгелија – по 16, Штип – 13, Крушево и Радовиш – по 12, Кочани – 11, Кавадарци – 10, Неготино – 7, Македонска Каменица и Богданци – по 6, Свети Николе – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Пробиштип – 3, Берово – 2, Крива Паланка – 1.
Содржината продолжува под рекламата
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 6 починати лица од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г), по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години. Од пријавените лица, 6 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.575 бројката на оздравени пациенти е 180.791, на починати е 6.817, а бројот на активни случаи изнесува 6.967.
Можеби ќе ве интересира: