Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на цените утврдени со претходната одлука од 1 јуни 2026 година.
Како резултат на оваа одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари по литар.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95, 86 денари за литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98, 88 денари за литар, дизелот ќе се продава за 87 денари за литар, а Екстра лесното масло за горење за 89 денари за литар, велат од РКЕ. Цената на Мазут М-1 НС се намалува за 0,609 денари по килограм и новата цена ќе изнесува 47,297 денари.
:






















