Почит за бранителите: Делегација денеска положува цвеќе во чест на загинатите кај Карпалак

На спомен плочата кај месноста Карпалак денеска делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положи цвеќе во спомен на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската Армија, кои во 2001 година ги загубија животите.

Zito baner

Цвеќе ќе биде положено и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп.

Agria

За време на воениот конфликт на 8 август 2001 година, 10 резервисти беа убиени, а тројца беа ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот падна во заседа и врз него бил отворен жесток оган, а извлекувањето траее со часови.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: