Половичен успех за младите екипи на РК Гемиџии овој викенд. Кадетите го запишаа вториот пораз сезонава, откако на домашен терен загубија од поискусниот состав на МРК Куманово со 25:30. Најефикасен кај велешани беше Андреј Јакимовски со 7 гола, додека Давид Петрушев се истакна со 13 одбрани.
Позитивната вест доаѓа од пионерите. Во 1. коло од Пионерската лига, Гемиџии славеа на гостувањето кај Мулти Есенс со 20:26.
Најефикасни кај велешани беа Ризов, Зафиров и Мартинов со по 5 гола.





















