Утрово се приведени 13 лица, а во тек се претреси на над 20 локации на подрачјето на Гевгелија, Валандово, Струмица, Дојран, Велес и на Скопје.
Подетални информации за операцијата „Филтер“ се очекуваат од Царинската управа во текот на денот.
Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со МВР, Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како и со надлежниот јавен обвинител, спроведе опсежна истрага со која се откриени повеќе случаи на организиран шверц на големи количини цигари и избегнување на плаќањето давачки во износ од неколку милиони евра.






















