Ракометарите вечерва ќе ги добијат противниците за Мундијалот

Makedonija-rakomet

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска во Минхен ќе ги дознае противниците за Светското првенство во 2027 година. Извлекување на групите започнува точно во 18 часот со директен пренос на Јутјуб каналот на ИХФ.

Zito baner

Нашата селекција се наоѓа во одлична позиција и пред ждрепката е сместена во вториот квалитативен шешир. Ова значи дека црвено-жолтите во првата фаза сигурно ќе ги избегнат моќните селекции на Франција, Норвешка и Шпанија.

Agria

шешир 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина
шешир 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, МАКЕДОНИЈА
шешир 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле, САД
шешир 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија

Потенцијални ривали од првиот шешир се актуелниот светски шампион Данска, домаќинот Германија, Хрватска, Шведска, Исланд, Египет и Аргентина.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: