Русија повторно го нападна Киев, експлозии одекнаа во главниот град

КИЕВ – Нови експлозии одекнаа рано утринава во украинскиот главен град Киев, додека Русија продолжува со речиси секојдневните воздушни напади врз Украина.

Zito baner

Според очевидец на „Ројтерс“, експлозии биле слушнати во раните утрински часови. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека остатоци од ракета паднале во дворот на станбена зграда, додека во друг дел од градот избувнал пожар во нестанбена зграда.

Agria

Нападите следуваат по вчерашниот голем руски напад со беспилотни летала низ Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападите загинале девет лица, а повеќе од 80 биле повредени.

Во Киев, меѓу погодените објекти беше и зградата на Националната академија на науките на Украина, каде што загинаа најмалку две лица.

Украинските власти велат дека Русија во последните недели сè почесто користи побрзи беспилотни летала со млазен погон, кои се потешки за пресретнување од досегашните модели.

Русија, пак, тврди дека нејзините напади се насочени кон воени и инфраструктурни цели, додека украинските власти известуваат за погодени цивилни објекти и жртви.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: