СДСМ: Мицкоски ја избегнува одговорноста за труењето во Гостивар

sdsm

СДСМ преку партиско соопштение реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека локалната власт во Гостивар треба да понесе морална одговорност за случајот со труењето.

Zito baner

Од партијата оценуваат дека ваквата изјава претставува, како што велат, „уште еден обид за бегство од одговорност“, додавајќи дека наместо да се зборува само за морална, треба да се утврди и кривична одговорност.

Agria

Во соопштението се наведува дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за случајот, а според СДСМ, информацијата за труењето и загаденоста на водата била криена пет дена, додека надлежните институции не реагирале навреме.

Според партијата, случајот не е само пример за лошо управување, туку и показател за, како што наведуваат, отсуството на реформи, особено во правосудството, како и за целосната контрола врз институциите.

„Затоа и нема реформи. Затоа што Мицкоски не сака независно судство и обвинителство. Затоа што сака да може преку собраниска говорница, медиуми и телефон да нарача политички пресметки. Затоа Европската унија враќа закони, а Европската комисија во извештаите ја опишува катастрофалната состојба во судството и обвинителството. Затоа Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност. Затоа што добро знае дека ако се отвори прашањето за кривична одговорност, прв на ред ќе биде тој, а потоа и целата негова Влада заедно со партнерите од тендер-коалицијата. Сите тие знаат каде завршуваат – во Шутка и Идризово“, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: