30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Сите граѓани што не биле дома ќе може да се попишат на одредени локации во општините ширум земјава

Popis 2021
Popis 2021

Северна Македонија влегува во последната фаза од пописните активности на терен, во која се привршуваат сите активности што се спроведуваа во последните 20 дена. Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи. Пописот трае до 30 септември и уверуваме дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес, изјав вчера Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Zito akcija 640x289px

Токму од овие причини, додаде таа, Државниот завод за статистика ќе им овозможи на сите оние граѓани, кои по кој и да е основ не успеале да остварат контакт со попишувачот, кој поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол, да може да се попишат на одредени локации во својата општина.

Agria

Ѓоргиева посочи дека попладнево на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk ќе бидат објавени локациите во сите општини и каде граѓаните ќе може да појдат и да се попишат.

Ѓоргиева повика граѓаните да бидат трпеливи бидејќи пописот трае до 30 септември и некои граѓани ќе бидат посетени и на последниот ден. Таа изрази уверување дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој огромен статистички процес бидејќи целта на пописот е целосен опфат на сите граѓани што во моментот живеат во Македонија.

Заклучно до денеска во 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а самопопишани се 195.477 граѓани од дијаспората.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: