Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата.
Посебна претпазливост се препорачува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони. Ризични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат особено внимателни.
























