Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од појава на одрони.
Посебна внимателност се препорачува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.





















