„Стоби“ по 23. пат во Велес, античката драма повторно пред велешката публика

Интернационалниот фестивал на античка драма „СТОБИ“ по 23. пат ќе се одржи во Велес, од 15 до 24 септември, во организација на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“. Пред велешката публика ќе бидат претставени театри од Македонија, Србија и Италија, со различни сценски изрази и современи толкувања на античката драма.

Zito baner

Фестивалот ќе биде отворен на 15 септември во 20 часот со претставата „Бегалка“ на Народниот театар од Струмица, а следниот ден, 16 септември, ќе гостува италијанскиот театар S’AZRA со претставата „Претходно“.

Agria

Програмата продолжува на 21 септември со „Годо“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, по што на 22 септември следува „Падот на Масада“ на Драмскиот театар од Скопје.

На 23 септември гостува Народното позориште „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија, со „Лисистрата“, додека фестивалот ќе биде затворен на 24 септември со претставата „Сите прекрасни нешта“ на Народниот театар од Штип.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: