
Малолетен пешак е тешко повреден кога вчера во него удрил автомобил на улицата Шишка во Кавадарци. Според информациите од СВР Велес, по ударот, возачот го напуштил местото.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. По преземените мерки од полициски службеници, утврдено е дека возилото го управувал А. К. (27) од Струмица, со престој во Кавадарци.
Содржината продолжува под рекламата
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, а во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: