30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Тоше Ончев си замина од Фруитленд Борец, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија

Fruitlend Borec

Тоше Ончев иако се јави на првата прозивка на Владимир Глигоров за старт на зимските подготовки, сепак нема да биде дел од тимот во пролетниот дел. Тоше Ончев својата кариера ќе ја продолжи во втората по квалитет ракометна лига на Шпанија, во тимот на Новас. Ончев ќе се обиде да му помогне на Новас во борбата за опстанок во лигата, бидејќи по 15 одиграни кола се наоѓаат на 13 место со 10 освоени бода.

Zito akcija 640x289px

27-годишниот велешанец замина од Фруитленд Борец по една полусезона каде беше еден од најдобрите играчи. Тој играше во скопски Вардар, а покрај Фруитленд Борец во Македонија има настапувано за Охрид и Голден Арт. Покрај новиот нов интернационален предизвик  Шпанија, Ончев има настапувано во Франција, Словенија и Грција.

Agria

Фруитленд Борец ќе биде видно ослабен во борбата за опстанок во дебитантската сезона, но од клубот најавија дека наскоро се очекува нови засилувања во тимот.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: