
Утрово во Скопје се случи вистинска трагедија откако скопјанец со нож ја убил својата мајка во населбата Аеродром.
„Денеска (16.10.2021) во 07.50 часот на ул.„23ти Октомври“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека околу 06.30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала“, информираат од МВР.
Од Итната медицинска помош на лице место е констатирана смрт. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Moжеби ќе ве интересира: