Владата донесе одлука,ДДВ за горивата се намалува на 10%

benzini tocenje

Владата го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата од 18 на 10 проценти, мерка со која треба да се ублажи растот на цените и финансискиот товар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба.

Zito baner

Според владините пресметки, наместо очекуваното поскапување на нафтата за околу пет денари, со намалувањето на ДДВ се очекува таа да поевтини за околу два денари.

Agria

Тоа значи дека ценовниот удар би бил ублажен за околу седум денари, а новата цена на нафтата би изнесувала околу 99 денари за литар.

Од Владата велат дека со оваа мерка се преземаат конкретни чекори за заштита на животниот стандард на граѓаните и поддршка на стопанството, особено поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: