Во Гостивар отворена изложба на млади стрип автори од регионот

Под мотото „Уметност што обединува, порака што инспирира!“, синоќа во НУ Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар свечено беше отворена групната изложба на млади стрип автори од Македонија, Албанија и Србија. Настанот, кој привлече голем број љубители на уметноста, е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Zito baner

Во време на регионални предизвици и меѓуетничка фрагментација, изложбата покажа дека деветтата уметност може да биде моќен медиум за поврзување на луѓето. Преку своите дела, младите уметници испратија силни пораки за мир, соживот и заштита на природата, актуелизирајќи го безвременскиот апел на Џон Ленон во денешниот контекст.

Agria

Пред присутните се обрати Томе Трајков, раководител на групацијата, кој воедно е иницијатор и координатор на голем дел од претставените проекти. Посетителите имаа можност да видат стрип творби настанати во рамките на активностите на Стрип центарот на Македонија (СЦМ), како и дела од други регионални проекти под менторство на Трајков.

Оваа изложба е една од првите активности на новоформираната групација „СТРИП ЦЕНТАР – СТРИПОТ МОЖЕ“ со седиште во Велес, која функционира како програмска фракција на СЦМ. Целта на ова ново јадро е континуиран развој и афирмација на македонскиот стрип меѓу сите етнички заедници. „Создаден е процес и нема запирање“, порачуваат организаторите.

Изложбата во Гостивар ќе биде отворена за јавноста во наредните седум дена.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: