Во понеделник РКЕ ќе ја анализира цената на горивата, најави Мицкоски

Hristijan Mickoski 09.07.2025

Во понеделник ќе се прави анализа на цената на горивата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Zito baner

Тоа, е потсети, редовна процедура на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиничката болница во Битола, Мицкоски рече дека очекува наскоро да биде објавен податокот за инфлацијата во јули.

Agria

 

– Но, врз основа на податоците што ги добивам од Државниот пазарен инспекторат, очекувам сосема поинакви приоритети, нагласи Мицкоски.

Во врска со наводните најави за укинување на Вториот пензиски столб, Мицкоски рече дека таква најава од името на Владата нема.

– Кој најавил дека ќе има укинување на вториот столб? Јас можам да зборувам од името на Владата. Таква најава од името на Владата нема, истакна премиерот Мицкоски.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: