Заврши учебната година, околу 255.000 ученици заминуваат на летен распуст

ucenici na nastava

За основците и средношколците денеска заврши учебната 2025/2026 година, по што до 31 август ќе бидат на летен распуст. Новата учебна година ќе започне на 1 септември.

Zito baner

Наставата за матурантите заврши уште на 15 мај, а утре (11 јуни) дел од нив ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик – македонски, албански, турски или српски јазик. Кандидатите кои се пријавени за државна стручна и државна уметничка матура овој испит ќе го полагаат на 12 јуни. Изборниот екстерен предмет матурантите веќе го полагаа на 6 јуни.

Agria

Според податоците, годинава за полагање матура се пријавени вкупно 14.587 ученици. Од нив, 12.184 ќе полагаат државна матура, 2.276 државна стручна матура, а 127 државна уметничка матура.

Во меѓувреме, полуматурантите се подготвуваат за упис во средните училишта. Пријавувањето ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со најава преку корисничките сметки на schools.mk, по што учениците ќе треба да ја достават потребната документација во училиштата во кои конкурираат.

Во јунскиот уписен рок ќе има две електронски пријавувања – првото од 12 до 15 јуни, а второто на 23 јуни. Во августовскиот рок е предвидено едно пријавување, на 20 август.

Според конкурсот на Министерството за образование и наука, во 109 јавни средни училишта низ државата се предвидени повеќе од 25.000 слободни места. Над 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското, а 570 места се наменети за уметничкото образование.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: