30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Ракометарите пристигнаа во Германија

Македонската ракометна репрезентација денес пристигнаа во Германија каде ќе го има своето осмо учество на Европско првенство. 

Zito akcija 640x289px

Селекторот Кирил Лазаров претстојниот шампионат го гледа како добра можност неговите избраници да стекнат искуство потребно за понатамошен нивни развој.

Agria

„Во првото коло ќе играме со Франција, една од најдобрите репрезентации на светот, олимписки првак. Потоа се среќаваме со домаќинот на ЕП, исто така извонредно тежок ривал, а таква и Швајцарија, нашиот противник во последното коло во групата. Ние веруваме во добра игра. Ќе имаме тешка работа. Не се предаваме однапред. Моите избраници може многу да добијат од ваквите мечеви. Ќе се стекнат со големо искуство. Секој нема шанса да игра со Франција и Германија, изјави Лазаров.

Македонскиот национален тим својот прв настап ќе го има на 10 јануари во Дизелдорф со почеток во 18 часот. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: