
Фудбалерите на Борец 1919 го забележаа вториот пораз во подготвителниот период. На гостувањето во Македонска Каменица, домашната екипа, Каменица Саса беше подобра од велешани со резултат 3:0, полувреме 1:0.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините поведоа по еден спорен пенал во првиот дел. Реализатор на ударот од белата точка беше Лазе Стојановски. По ова до крајот на првиот дел се играше рамноправно од двете страни. Во вториот дел двајцата тренери напаравија неколку измени, по што домашниот тим подобро се снајде на теренот и со головите на Махир Ајрули и Бурим Алиев го добија натпреварот со резултат 3:0.
Содржината продолжува под рекламата
Тренерот на велешани Љупчо Димитковски – Гањо, и на овој натпревар тестираше неколку играчи кои би можеле да го носат дресот на Борец. Следниот натпревар за Борец е на на 27 јули против екипата на Вардар Неготино.
Можеби ќе ве интересира:
- Мопедист кој одбил да застане нападнал полицаец во Велес
- Кривична пријава против двајца поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци
- Стартува Третата фудбалска лига – Југ, четири екипи од Велес и велешко во трка за врвот
- Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
- Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање