
Прволигашот од Кратово беше преголем залак за велешките фудбалери. На генералката пред стартот на прволигашката сезона, Силекс во Кратово го победи Борец со резултат 5:0.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините поведо во 17 минута од натпреварот преку Леонид Игнатов. На 2:0 зголеми Даре Ангелески во 34 минута од натпреварот, а со голот на Марко Ѓоргиевски во 44 минута се замина на одмор со резултат 3:0.
Содржината продолжува под рекламата
На стартот од вториот дел во 48 минута на 4:0 зголеми Леонид Игнатов со неговиот втор погодок, а конечниот резултат го постави Никола Брауновиќ во 69 минута од натпреварот.
Вторат фудбалска лига стартува на 17 август, а денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе се извлечат паровите за новата сезона.
Можеби ќе ве интересира:
- (ФОТО) Едукативна теренска работилница на Вики Клуб Велес
- Кривична пријава против лица од Штип и Виница за „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“
- Гемиџии по бодови на домашен терен – пионерите утре ја пречекуваат Македонија Ѓорче Петров
- Семејна расправија во Градско заврши со приведување на 26-годишник
- Борец во битка за куп-трофејот, Ф4 од Купот ќе се игра во „Јане Сандански“
















