Нов триумф на ракометните кадети на Фруитленд Борец

Fruitlend Borec VArdar Negotino kadeti

Ракометните кадети на Фруитленд Борец продолжуваат со одличните игри во кадетската лига. Во спортската сала „Гемиџии“, дојдоа до шестата победа во првенството, совладувајќи го тимот на Вардар Неготино со резултат 40:32.

Велешани не им оставија никакви шанси на гостинскиот тим за повелен резултат. Уште од самиот старт го имаа водството кое на моменти изнесуваше  плус 11 голови разлика. Гостите пак во составот имаа само двајца расположени играчи за игра, што не беше доволно да им парираат на домаќините.

Agria

Најефикасен кај Фрутленд Борец беше Андреј Зафиров со 10 постигнати погодоци, додека кај гостите симултанка изигра Јовановски Јован кој постигна 20 погодоци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: