Со натпреварот Еурофарм Пелистер – Фруитленд Борец вечерва ќе биде отворено 14 коло од Супер ракометната лига на Македонија. Велешани ќе имаат задача на гостувањето кај актуелниот шампион на Македонија.
Фруитленд Борец нема што да загуби во дуелот со Еурофарм Пелистер кој само пред два дена ја совлада екипата на Висла Плок во Лигата на шампиони, и ќе се потрудат да прикажат квалитетен ракомет пред битолската публика.
Натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола е во терминот од 18 часот , а судии на натпреварот ќе бидат Иван Илиевски од Битола и Илија Цветановски од Прилеп.