Дербито на колото Втората кошаркарска лига на Македонија ќе се одигра во Велес каде ќе се соочат Борец Баскет и Црн Дрим од Струга, каде силно се посакува победа од страна на двете екипи кои имаат амбиции за влез во Првата лига.
Велешани ќе се обидат да се рехабилитираат за поразот во Прилеп од екипата на Мега Баскет, додека пак стружани да ја продолжат серијата победи над фаворитите во лигата.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Гемиџии“ во Велес во недела со почеток од 13 часот. Судии на овој натпревар ќе бидат Маџоски, Биноски и Темелков.