Бутел и Кеги Моби во дуел за избегнување на дното на табелата

Ososgovo Kriva Palanka Kegi Mobi

Викендов ќе се одиграат натпреварите од последното есенско коло во Првата македонска футсал лига. Екипата на КМФ Кеги Моби есенскиот дел ќе го затвори со гостување во Скопје кај екипата на КМФ Бутел 2022.

Zito akcija 640x289px

Овој натпревар е дерби на дното на табелата. Бутел е последен на табелата со  освоени три бода, додека велешани се веднаш пред нив со освоени пет бода. По минатонеделната победа над Железарец, велшкиот состав очекува да го зголеми бодовното салдо пред почетокот на пролетниот дел.

Agria

Натпреварот ќе се одигра утре (сабота) во спортската сала „Антон Димитров“ во Скопје со почеток од 17 часот и 30 минути. Еден натпревар од последното коло веќе се одигра во кој Јувентус Серава направи изненадување совладувајќи го Проект со резултат 2:1.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: