Кошаркарите на Борец Баскет ја продолжуваат својата „рапсодија“ во Втората македонска кошаркарска лига. Тимот од Велес ја оствари и осмата победа, откако во дуел од 10.коло го совлада Охрид со 77:62.
Иако до полувреме гостинската екипа беше рамноправна, сепак Борец Баскет во продолжението ја демонстрира својата надмоќ. Во ниту еден момент велешани не дозволија противникот да поведе. На полувремето Борец Баскет заминаа со предност (37:33). Ги добија сите четири периоди домашните кошаркари кои на крајот славеа со 15 разлика.
Петмина кошаркари кај Борец Баскет натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу постигна Чадамов 22, кај гостите најефикасен беше Атанасов со 17.