Во Превалец прекинат меч по само 16 минути, гостите останаа без доволен број играчи

Prevalec Vlaznimi

Денес се одигра еден натпревар од 22 коло од Третата фудбалска лига – Југ, помеѓу екипите на Превалец и Влазними Јуниор. Иако и двете екипи беа слободни во 21 коло кое денес се одигра, на барање на гостинскиот тим, натпреварот од 22 коло помеѓу овие две екипи се одигра денес.

Zito akcija 640x289px

Домашниот состав го доби натпреварот со 4:0, иако судијата означи крај на натпреварот во 16 минута. До тој момент на теренот останаа само шест играчи од гостинскиот тим. Стрелци за Превалец беа Дукадиновски кој постигна хет-трик, а еднаш погоди Петров. Ова е веќе втор натпревар во Превалец кој не се доигрува до 90 минута, поради тоа што гостинскиот тим останува со само шест играчи во поле.

Agria

Со оваа победа на Превалец останува на втората позиција на табелата со 41 бод, 4 помалку од лидерот Големо Коњари, кој денес славеше на домашен терен против Бучин со 2:0.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: