Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд и нестабилност.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 24 до 33 степени.
Времето во Велес ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен ветер. Во делови од котлината попладне ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 32 степени.





















