На 29 октомври, во 04:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 25-годишниот А.Д. од Велес, кој се сомничи за две кражби на подрачјето на градот.
Според информациите од полицијата, тој се сомничи дека од работилница во Велес одзел алати, а од домот на 28-годишен велешанец, со употреба на сила, одзел разни предмети.
Дел од одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





















