Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.
Од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.





















