67-годишен велешанец го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување, а притоа не ги почитувал ниту наредбите на полициските службеници.
Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен на 25 ноември, околу 13:20 часот, на улицата „Ристо Попов“ во Велес.
Станува збор за Д.Ш. (67) од Велес, кој не постапувал по наредбите на полициските службеници додека тие извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




















