Почнува Божикниот пост – 40 дена духовна подготовка за Христовото раѓање

Од денеска, 28 ноември, за православните верници започнува Божикниот пост, кој трае 40 дена, сè до празникот Рождество Христово – Божик, на 7 јануари.

Zito baner

Божикниот пост е еден од четирите повеќедневни пости во православниот календар и претставува период на духовна подготовка за раѓањето на Исус Христос.

Agria

Во текот на постот, верниците се воздржуваат од храна од животинско потекло, односно месо, млечни производи и јајца, а во одредени денови се дозволени риба, масло и вино, согласно црковните правила.

Сепак, постот не се сведува само на промена на начинот на исхрана. Тој подразбира и духовно прочистување, молитва, смирение, простување, добри дела и воздржување од лоши мисли и постапки.

Божикниот пост завршува на Бадник, 6 јануари, а верниците потоа го прославуваат еден од најголемите христијански празници – Божик, посветен на раѓањето на Спасителот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: