(ВИДЕО) 14-годишен велешанец е вистински виртуоз на хармоника

Има само 14 години, а веќе е врвен хармоникаш. Велешанецот Александар Пановски го владеде инструментот како да свири со децении, а со него се дружи само две и пол години. Неговиот несекојдневен талент е огромен, а потврда за тоа Пановски веќе добива и од врвните хармоникашки имиња во земјава.

Zito baner

Александар е деветтоодделенец во ООУ Блаже Конески. Покрај обврските на училиште, тој посветува 5 до 6 часа дневно вежбајќи хармоника. Александар е вљубеник во македонската музика, која е единствената во неговиот репертоар, а најмногу го сака стилот и опусот на маестро Милан Зафков.

Agria
May be an image of 2 people, accordion and indoor
Александар Панов и неговиот учител Војче Петрушев

Тајните на хармониката Александар почнал да ги изучува кај еден од доајените на велешката и македонската народна музика, Панче Тевчев, а негов учител сега е уште еден велешки виртуоз на хармоника Војче Петрушев, со кого веќе музицираат и заедно. Војче напиша и оро за неговиот млад ученик Александар, кое доби и свој видео запис.

Во продолжение погледнете го спотот за „Александров сон“ и виртуозните изведби на „Моминско оро“ и „Македонски мерак“ на Милан Зафков, кое ги изведува во дует со неговиот учител Војче Петрушев.

Егиди везење гоблени, гоблени...Има само 14 г а веќе е врвен армоникаш. Како шо вика маестро Војче Петрушев (негов учител), ваков талент ретко се раѓа. Едноставо растура свирејќи и енос ќе се чуе за него.Акександар Пановски 14 г од Велес, заедно со Војче Петрушев, ќе ни го извезат Македонски мерак од Маестро Милан Завков.Капа доле мајстори!

Posted by Штипска Идила on Tuesday, March 16, 2021

Можеби ќе ве интересира:


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: