
Во автомобил во скопската населба Карпош пронајден е амфетамин а полицијата во акцијата приведе две лица.
Според МВР, полицијата вчера на ул. Никола Тесла во Скопје во возило „даеву“ со скопски регистерски таблички, управувано од Д.А. (37), а сопатник бил С.Н. (40), пронајден е амфетамин и дигитална вага.
Двајцата се приведени, а потоа е извршен претрес во домот на Д.А. каде се пронајдени амфетамин, марихуана и вага.
Од полицијата за денеска најавија дека ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.
