
Полицискиот час кој го предлага Комисијата за заразни болести може да трае најмалку две недели, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој на денешната седница на Кризниот штаб предложил повторно да се воведе полициски час поради зголемениот број на позитивни на ковид-19.
Предлогот на Комисијата за полициски час од 22 до 5 часот наутро ќе биде разгледуван на утрешната владина седница.
Тој додаде дека освен ова, засега ништо друго нема да биде препорачано.
Можеби ќе ве интересира:
