
Од ноќеска во 02 часот по полноќ, ќе почне летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред.
Летното сметање на времето почнува последниот викенд во март и завршува последниот викенд во октомври.
Пред точно две години Европскиот Парламент со големо мнозинство гласаше за престанок на поместгувањето на часот во 2021 година, односно времето да остане само на летно сметање.
Но, одлуката остана кај владите на државите членки на ЕУ, кои треба да одлучат дали трајно ќе го задржат летното или зимското сметање на времето. И во Македонија имаше дебати и сугестии, но се уште не е донесена некоја одлука, односно најверојатно се чека како ќе одлучат другите.
Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Moжеби ќе ве интересира: