
Овој викенд продолжуваат активностите на екипите од Велес. Поради репрезентативна пауза фудбалерите на Борец ќе одмараат, истотака и одбојкарите , но поради завршницата на Купот на Македонија на која Борец не успеа да се пласира.
Во Втората кошаркарска лига источна конференција, натпревар кој привлекува внимание е оној во недела (од 17.часот), во Велес, каде екипата на Феникс 2010 ќе ја брани првата позиција против еден од кандидатите за место во доигрувањето – велешки Борец.
Ракометарите на Борец гостуваат во Ресен, во рамките на 5 коло од Првата ракометна лига плеј аут. Домаќинот Преспа заедно со Текстилец и Борец се на делбата на првото место.
Фудбалерките на Борец пак ќе го пречекаат лидерот на табелата екипата на Каменица Саса. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток од 14 и 30 часот. Батали.нет ќе врши директен пренос од овој натпревар, како и од натпреварот Борец Баскет – Феникс 2010 во недела.
Можеби ќе ве интересира: