
На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.
Текстот продолжува под рекламата
„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени“, соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Можеби ќе ве интересира:
- Мопедист кој одбил да застане нападнал полицаец во Велес
- Кривична пријава против двајца поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци
- Стартува Третата фудбалска лига – Југ, четири екипи од Велес и велешко во трка за врвот
- Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
- Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање