
Четитинаесетгодишната Клара Т. која исчезна вчера вечер во населбата Илинден е најдена, потврдуваат од МВР. Таа ќе биде предадена на семејството која ја пријави за исчезната по кавга во домот.
Содржината продолжува под рекламата
„Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Клара изчезнала вчера околу 18 часот, а на социјалните мрежи беше објавен апел за нејзино пронаоѓање.
Можеби ќе ве интересира:
- Борец Баскет со победа над Ангели ја отвори сезоната во Првата лига
- Превалец се врати од негатива, но Панев пропушти шанса за победа
- Два одделни случаи во Велес: Објавена експлицитна содржина од жена, вознемирени и две малолетни деца
- 10 октомври – светски ден на менталното здравје
- ФЕРО ИНВЕСТ втора година година по ред подржува меѓународна медицинска едукација во Скопје
























