Кеги Моби и Бутел одиграа ефикасно реми за крај на сезоната. Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, Кеги Моби и Бутел одиграа 10:10.
Марио Атанасовски постигна седум погодоци, додека Ангел Гаштев, Боби Дукадиновски и Мохамед Ахмедов постигнаа по еден погодок за Кеги Моби. За гостите Петре Даилоски постигна шест погодоци, додека Тодоровски, Мојсовски, Манџуковски и ЛАзевски постигнаа по еден гол.
Кеги Моби ја заокружи сезоната на шестата позиција, благодарејќи на одличната серија од 5 победи и едно реми на последните шест натпревари. Велешани и следната сезона ќе гледаат прволигашки футсал.