Денес во Росоман се одигра возбудлив првенствен натпревар од 23 коло на Третата лига – Југ, каде домашната екипа ФК Росоман го пречека тимот на ФК Превалец. Натпреварот заврши со победа на гостите од 1:3, и со тоа ја продолжи потерата по првопласираниот тим на табелата, Големо Коњари.
Мечот започна со отворена игра од двете страни, но гостите први го најдоа патот до мрежата преку Александар Јордановски во 21 минута од натпреварот. Во второто полувреме, Росоман успеа да израмни, преку Слободан Дуков во 55 минута. Капитенот на Превалец Антонио Чоков промаши пенал во 67 минута, при резултат 1:1, но победата ја донесе Ангел Гаштев со еврогол во 79 минута а конечниот резултат го постави Димче Ставревски во 82 минита, кој ја потврди победата на гостинскиот тим.
ФК Превалец со оваа победа освојува важни бодови во трката за повисок пласман. По ова 23 коло се наоѓа на втората позиција со 44 бода. Во следното коло на домашен терен го пречекува составот на Дреново.