Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 15. коло на Општинската фудбалска лига Велес, кои донесоа интересни дуели, и многу голови но без промени на табелата.
Во дербито на колото, екипата на Горски со минимална предност го совлада Врановци со 4:3, во натпревар со отворена игра од двете страни. Со овој триумф, Горски се зацврсти на втората позиција со 24 бод од 12 натпревари и останува единствениот сериозен конкурент на лидерот Тополка.
Локомотива од Градско имаше импресивен настап против Бузалкова, совладувајќи ја со убедливи 5:1. Со оваа победа, Локомотива се зацврсти на третото место со 21 бодови и позитивна гол-разлика (33:25), што ја задржува во трката за повисок пласман. Последниот натпревар од ова колое помеѓу екипите на Младост и Тополка ќе се одигра денес.
На врвот, Тополка останува непоразена по 10 одиграни натпревари. Со 9 победи и само едно реми, лидерот има вкупно 28 бодови и значајна предност од 4 бода пред Горски, на три кола до крајот на првенството.
ОФЛ Велес табела сезона 2024/25
ПОЗ | ТИМ | ОДИГ | ПОБ | НЕР | ПОР | ГОЛ/РАЗ | БОД |
1 | ТОПОЛКА | 10 | 9 | 1 | 0 | 23/8 | 28 |
2 | ГОРСКИ | 12 | 7 | 3 | 2 | 28/20 | 24 |
3 | ЛОКОМОТИВА | 11 | 7 | 0 | 5 | 33/25 | 21 |
4 | ВРАНОВЦИ | 9 | 3 | 3 | 3 | 19/21 | 12 |
5 | ФОРЦА НОВА | 11 | 3 | 1 | 7 | 17/25 | 10 |
6 | БУЗАЛКОВА | 8 | 2 | 1 | 5 | 13/18 | 7 |
7 | МЛАДОСТ 1976 | 10 | 2 | 1 | 8 | 14/24 | 7 |
8 | ЧАШКА 2022 | 7 | 2 | 0 | 5 | 9/14 | 6 |