Членовите на велешкиот кајак клуб Арка Борец Велес продолжуваат со успешни настапи на меѓународната сцена. Во изминатиот викенд тие учествуваа на два силни натпревари во Србија – Дринскиот маратон во Бајна Башта и Отвореното првенство во Белград, каде вкупно освоија 11 медали, од кои 1 златен, 3 сребрени и 7 бронзени.
На традиционалниот маратон на реката Дрина во Бајина Башта, велешките кајакари покажаа одлична форма и се закитија со неколку медали. Во сениорска конкуренција злато освои Љубомир Спасиќ, Благој Гугинов го освои третото место во категорија Јуниори. Во категоријата пионери Андреј Апостолов го освои третото место, Димитар Драскачев беше четврти. И во најмалата категорија помлади пионери Лука Велковски го освои трето место, а за одбележување е шестата позиција на Доне Ѓорѓиевски и деветото место на Петар Делов.
И на вториот натпревар, организиран во главниот град на Србија, велешките натпреварувачи се изборија за високи пласмани. Љубомир Спасиќ и Благој Гугинов освија сребро во категориите сениори, односно јуниори. Трето место повторно во категоријата пионери освои Андреј Апостоловски, додека во категоријата помлади пионери Лука Велковски го освои второто,веднаш зад него на третото место беше Доне Ѓорѓиевски, а четвртото место му припадна на Петар Делов.
Велешките кајакари уште еднаш ја потврдија својата посветеност, упорност и квалитет, претставувајќи го градот на најдобар можен начин на меѓународна сцена.